Хрватски софтвер во истражувачките бази на Антарктикот

22

hr

Американската истражувачка станица Amundsen-Scott, сместена на Јужниот пол и уште две истражувачки станици на Антарктикот, го имплементираа медицинскиот софтвер Issa на хрватскиот производител Vams Tec.

Ова е прва имплементација на хрватски софтвер на Антарктикот, пишува Пословни дневник.

Извршниот директор на компанијата, Сеад Џувур, вели дека станува збор за телемедицински систем кој им овозможува на лекарите на Јужниот пол да добијат специјалистичка поддршка од своите колеги од САД.

“ИТ системот за размена на рентгенски слики и високоструктурирани наоди, каков што веќе се користи во 20 болници во Хрватска, сега е на располагање на екипажот на Јужниот пол, поради што сме многу горди”, вели Џубур.

Џубур додава дека нивното решение полека станува стандард за телемедицина и на крузерите. Три големи глобални компании ќе го воведат овој систем на своите крузери и на пловечките хотели.