Хрватскиот старт-ап Codeanywhere најдобар во Њујорк

47

CA

Хрватскиот старт-ап Codeanywhere, кој се претстави на TechCrunch Disrupt настанот во Њујорк минатата недела, беше изгласан за најдобар од страна на публиката, пишува Techcrunch.

Соосновачите на овој старт-ап, Иван Буразин и Ведран Јукиќ, минатата недела го презентираа својот едитор на кодови на сите платформи, кој се наоѓа во облак (cloud). Во пракса, тоа значи дека програмерите можат да ги поправаат своите апликации и страници од сите уреди во реално време.

Буразин и Јукиќ дневно добиваат 400 корисници и ја надминаа бројката од 200.000 корисници, од кои 50.000 пристапуваат до системот барем еднаш неделно. Овој старт-ап до сега обезбеди инвестиција од 635.000 долари. Работи на принцип на freemium бизнис модел. Корисниците можат да плаќаат пет долари месечно или да се претплатат за 50 долари годишно. Во следните неколку месеци ќе работат на офлајн можностите и интеграција со сервиси како Github.