Хрватските банки ќе мораат да ги предупредуваат клиентите за ризикот

19

kuna

Согласно одлуката на Хрватската народна банка (ХНБ), од средината на оваа година, банките пред договарање на банкарски услуги, ќе мораат на потрошувачите да им дадат низа информации во врска со услугата, како на пример информации за начинот на отплата на кредитот, начин на пресметување на каматата и параметрите од кои зависи нејзината промена, но и за ризикот од промена на курсот кај кредитите со валутна клаузула.

Одлуката што ХНБ ја објави на својата интернет страница се однесува на сите кредитни институции кои со потрошувачите склучуваат договори за кредити или депозити, независно од валутата, рочноста, износот или намената. Исклучок се само договори за кредити осигурани со залог во висина од 100% паричен депозит.

Со одлуката ХНБ објави посебни обрасци со информации кои ќе мора да се даваат при склучување на договори за потрошувачки и останати кредити кои не се регулирани со Законот за потрошувачко кредитирање, како и за депозити.