Хрватските банки со пад на добивката од 70%

14

banki hrСпоред привремените, неревидирани податоци на Хрватската народна банка, добивката на банките пред оданочувањето минатата година изнесувала нешто помалку од  133,2 милиони евра, што е за 70% помалку во однос на добивката пред оданочувањето во 2012 година.

Со ова се потврдија предупредувањата на аналитичарите, кои веќе подолго време укажуваат дека петгодишната рецесија и се построгата регулатива ќе го земат својот данок и врз деловните резултати на банките. Рецесискиот данок посебно е изразен преку растот на лошите кредити, кои, според податоците на централната банка, кон крајот на јули минатата година достигнале 15,32% од вкупното кредитно портфолио, односно секој шести кредит е тешко наплатлив или потпоплно ненаплатлив. Во таква ситуација на банките не им преостанува ништо друго туку да бараат излез во отпис на ненаплативите побарувања, пишува Јутарњи лист.