Хрватските менаџери веќе нема да добиваат бонуси одеднаш и во готовина

41

knХрватската влада ги усвои предлог измените на Законот за кредитни институции со кои тој закон се ускладува со директивите на ЕУ и се менува начинот на дефинирање на висината и динамиката на исплати на менаџерски бонуси. Со овие измени во законот се намалува изложувањето на ризик на банкарскиот сектор.

Според ЕУ, една од основните причини на постоечката криза е претераното изложување на банките на ризик, а за тоа придонесоа и неадекватните системи на наградување на членовите на управи и други важни работници. Поради тоа се воведуваат промени во системот на менаџерски бонуси, па тие веќе нема да можат да се исплаќаат одеднаш и во готовина, туку во некој подолг временски период и преку некои други финансиски инструменти.

Владата со измените на законот не пропишува колкави ќе бидат тие бонуси, туку дека висината и динамиката на нивната исплата ќе се дефинираат со подзаконски акти, односно со одлука на Хрватската народна банка.