HSBC под истрага за можна манипулација во тргување со девизи

21

An HSBC bank branch logo is seen in central LondonБританскиот банкарски гигант HSBC објави дека заедно со уште неколку банки е предмет на истрага за можно манипулирање во трговија со странски валути.

Објавата е вклучена во финансискиот извештај на банката, кој покажува 30% раст на профитот во последните три месеци, на 4,5 милијарди долари пред оданочувањето, во споредба со 3,4 милијарди долари за истиот период пред една година, пренесува BBC.

Банката со седиште во Лондон соопшти дека британскиот регулатор, во соработка со неколку земји, спроведува истрага за неколку компании, вклучувајќи ја и HSBC, која се однесува на тргување на девизниот пазар.

Barclays, RBS, Citigroup, Deutsche Bank и UBS веќе потврдиле дека регулаторите ги контактирале во однос на тоа дека е можно девизните пазари да се лажирани.

HSBC додаде дека соработува во истрагата која е во почетна фаза.