Хрватски телеком (ХТ) во следните два месеци ќе почне да продава струја. Со тоа на малопродажниот пазар ќе им конкурира на Хрватско Електростопанство (ХЕП), ГЕН и RWE, пишува Пословни дневник. Според неофицијални извори, ХТ ќе почне да продава струја најдоцна до 1 декември и тоа преку својата фирма ќерка Искон. Наводно, операторот веќе купил специјализиран софтвер и прави организациски подготовки.
Од ХТ за Пословни немаат коментар, но од Хрватската енергетска регулаторна агенција (ХЕРА), портпаролот Блаженка Коштиќ Ќуриќ потврдила дека ХТ барал дозвола за продажба на струја.
“ХЕРА на 16 септември прими барање од ХТ за издавање дозвола за извршување на енергетска дејност снабдување со електрична енергија и тоа барање ќе биде разгледано на седницата на Управниот совет на Агенцијата во октомври”, велат од ХЕРА за Пословни.