Хуманитарна акција на ИТД Дистрибуција: Биди Dell од хуман проект

53

bidi-dell-od-human-proekt

Од денеска (06.11.2017) започнува хуманитарен проект на ИТД Дистрибуција под слоганот Биди Dell од хуман проект. Преку оваа кампања, компанијата испраќа порака до љубителите и корисниците на Dell лаптопи да бидат дел од овој проект и предновогодишна хумана акција, стои во соопштението.

Со купување на Dell лаптоп од моделите Inspiron, XPS, Alienware, што содржи гарантен лист од ИТД Дистрибуција во периодот од 06-ти ноември до 25-ти декември потрошувачите стануваат дел од хуманитарната кампања којашто подразбира одвојување на средства од прометот за набавка на новогодишни пакетчиња за деца од ранлива категорија.

Ова е одлична можност за сите кои размислуваат да купат нов лаптоп да го направат тоа во рамки на хуманитарната акција, бидејќи освен фактот дека ќе уживаат секојдневно користејќи  висококвалитетен лаптоп произведен од еден од најдобрите брендови на пазарот, купувајќи лаптоп ќе направат голема добрина.

Новогодишните пакетчиња ќе бидат подарени на крајот на месец декември.