Хуманитарна акција на Стопанска банка АД – Скопје по повод Денот на штедење

48

И оваа година, во пресрет на Светскиот ден на штедење, Стопанска банка АД – Скопје како компанија со вградена корпоративна општествена одговорност во своето работење, заедно со сите свои вработени организираше хуманитарна акција во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и со тоа Денот на штедење го посветува на лицата кои имаат потреба од повеќе грижа и поддршка во животот.

Хуманитарната акција ги опфати сите општини во Македонија во кои Стопанска банка АД – Скопје работи со своја филијала. Во саботата на 27.10.2012, вработените на Банката со своите семејства донираа облека, обувки, постелнини, книги, покуќнина, детски играчки и се што може да им помогне на семејствата во Македонија кои живеат во тешки услови.

Црвениот крст на Македонија, нашиот партнер во реализацијата на овој проект имаше свои волонтери на секоја локација и веќе од понеделник 29.10.2012 ќе почне со дистрибуција на хуманитарната помош до семејствата.

Хуманитарните акции додаваат една поинаква перспектива на соработката, на соживотот и на постоењето. Затоа, Стопанска банка АД – Скопје ќе продолжи да се залага да ги поттикнува своите вработени, преку тоа и нивните семејства да создаваат дух на солидарност и пријателство и со тоа значајно да го подобрат животот на заедницата.