Трговскиот центар Рамстор во соработка со Црвениот Крст на град Скопје организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства.
Денеска со почеток во 10 часот овие деца ќе ги искажат своите скромни желби на ливчиња во форма на лампиони кои ќе бидат прикачени на волшебната новогодишна елка поставена во Рамстор. По прикачувањето на лампионите сите посетители ќе можат да ја покажат својата хумана страна и да исполнат барем една детска желба преку нејзина реализација.
Акцијата трае до 29.12.2015 година, а подароците ќе бидат доделени на 30.12.2015 година.
“За детската среќа не треба многу. Стоплете нечие срце, чувството е прекрасно“, порачуваат од Рамстор.
Волшебната новогодишна елка е традиционална кампања на Рамстор со цел да ги направи среќни сите дечиња и да им приреди волшебна Нова Година.