Хуманитарна продажба на уметнички дела во НЛБ Тутунска банка

32

Invitation Charity Bazaar 2013 - Art ExhibitionВо галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка, на ул. Водњанска бр.1, денеска со почеток во 19.00 часот ќе се одржи хуманитарна продажба на уметнички дела од реномирани македонски уметници, со што НЛБ Тутунска банка ја продолжува традицијата на подржувач на уметноста и хуманоста.

Продажбата на уметнички дела е дел од Вториот Меѓународен хуманитарен базар во Р.М. кој се реализира по иницијатива на македонската невладина организација Добредојде – MacedoniaWelcomeCenter.

Уметничките дела се донација од уметниците Васко Ташковски, Павле Кузмановски, Решат Амети, Сергеј Андреевски, Данчо Ордев, Милош Коџоман, Жанета Гелевска-Велјановска, Мирослав Масин, Симонида Филипова-Китановска, Стефан Хаџи-Николов, Маја Рауниќ-Киркова, Тони Шулајковски, Осман Демири, Касиопеа Наумовска, Гоце Бозурски, Тања Таневска, Бурхан Ахмети, Дијана Томич-Радевска, Дита Старова, Богоја Ангелковски, Теута Хоха-Имери, Трајче Николовски, Марјана Костојчиновска-Узуновска, Али Синани, Илија Кочовски, Димитар Кочевски-Мичо, Драган Најденовски, Стефан Малбашич и Маја Ковачевска.

Продажбата ќе ја отвори Амбасадорот на Република Словачка во Македонија и почесен претседател на Вториот Меѓународен хуманитарен базар Н.Е. д-р Роберт Кирнаг, а на истата ќе присуствуваат претставници од конзуларно-дипломатските претставништва во Р.М., меѓународните организации, невладиниот сектор и бизнис заедницата.

Сите собрани средства од продажбата на уметничките дела се наменети за децата со Даунов синдром во Македонија.