Hydra Light, технологија што користи сол и вода за да создаде енергија

20

sc1-lhphone_01_0006-768x768

Фото: Hydra Light

Австралиската компанија Hydra Light претстави нов начин на создавње на светлина користејќи сол и вода како извор на енергија. Со потопувањето на HydraCell во вода 10 до 15 секунди може да се создадат повеќе од 100 часа енергија за светење на фенер и обезбедува лесен пристап до електрична енергија, пишува Digital Trends.

Од компанијата велат дека Американците фрлаат три милијарди батерии, а тоа е околу 180.000 тони од коишто повеќето се алкални батерии за еднократна употреба што е скапа и еколошки штетна навика.
Со HydraLight може да се осветли патот или да се наполни телефонот без употреба на батерии за еднократна употреба.