Hyundai инвестира 16,5 милијарди долари во производство на електрични автомобили

29

Hyundai најави инвестиции од 16,5 милијарди долари до 2030 година во производство на електрични возила (ЕВ) во Јужна Кореја.

Групацијата, која ги вклучува Hyundai и Kia, објави во средата дека планира да произведува 1.440.000 електрични возила годишно во Јужна Кореја до 2030 година.

Ројтерс минатата недела објави дека Hyundai планира да изгради фабрика за производство на електрични возила во американската држава Џорџија.

Atlanta Journal-Constitution објави дека јужнокорејската компанија ќе инвестира 7,5 милијарди долари во Џорџија и ќе вработи 8.500 луѓе како дел од плановите за изградба на фабриката.

Минатата година, Hyundai Motor Group објави дека планира да инвестира 7,4 милијарди долари во електрични возила, да ги надгради производствените капацитети и дополнително да инвестира во решенија за паметна мобилност до 2025 година – технологија што ќе го подобри јавниот градски транспорт.