Hyundai прави F1 пит стопови за полнење на електрични автомобили

45

Корејскиот производител Hyundai откри како ќе изгледаат нивните нови станици за полнење кои ќе бидат поставени оваа година на матичниот пазар.

Автомобилскиот производител од Јужна Кореја, Hyundai има нови станици за полнење наречени E-Pit, кои се инспирирани од Formula 1 пит стоповите. На овие станици, сопствениците на Hyundai електричните модели со 800-волтна технологија за полнење ќе можат да ги наполнат своите возила до 80 проценти од капацитетот на батеријата за само 18 минути. Компатибилните возила со само пет минути полнење ќе добијат опсег на движење од 100 километри.

Hyundai ќе распредели 12 E-Pit станици за полнење со вкупно 72 постави за полнење и 12 полначи за станици на автопатите ширум Кореја овој месец. Исто така ќе конструира дополнителни осум станици со 48 полначи во урбаните центри во државата.

Korea Times пренесува дека Hyundai исто така ќе претстави и нова услуга за дигитална наплата која ќе им овозможи на корисниците да платат за услуги автоматски преку мобилна апликација. Имајќи специјални станици за полнење како овие се од особено значење во Јужна Кореја, со оглед на тоа дека повеќе од 60 проценти од населението во оваа земја живее во станови и поради тоа не можат да се потпрат на полнењето на своите возила во домашни услови.

Останува да се види дали Hyundai ќе конструира слични станици за полнење и во останатите земји и региони каде што ги продава своите електрични автомобили.

Првиот автомобил на корејскиот производител којшто ќе има бенефит од станиците за брзо полнење ќе биде целосно електричниот Ioniq 5. По него следува и Kia EV6 кој е базиран на истата платформа како и Ioniq 5 и споделува голем број на компоненти. Подоцна оваа година, Genesis ќе се приклучи во електричното семејство со JW, кој исто така ќе ја користи истата платформа како и Ioniq 5 и EV6.