Hyundai во соработка со Rimac Automobili претстави концептен хибриден автомобил на водород

85

На форумот Hydrogen Wave Forum, Hyundai ги објави плановите за нови производи базирани на водород и ја најавија својата визија Hydrogen Vision 2040, со која сакаат да придонесат за популаризацијата на водородот како гориво во текот на наредните две децении. Меѓу бројните интересни и футуристички производи посебно интересен е хибридниот концепт автомобил Vision FK coupe. Имено, тој модел е направен во соработка со Rimac Automobili, во кој Hyundai инвестираше 80 милиони евра пред повеќе од две години.

Ова концепт возило, кое уште е во развој, треба да биде основа за автомобилите на Hyundai со погон на водород кои ќе имаат врвни перформанси. За тие перформанси најдобро зборуваат бројките – концепт автомобилот треба да има моќност од 670 коњски сили и забрзување од 0 до 100 км за помалку од 4 секунди. Vision FK coupe има два мотори, а благодарение на големата батерија и залихите на водород како погонско гориво без застанување може да помине околу 600 км.

При претставувањето на автомобилот од Hyundai го споменаа и Rimac Automobili, со кои што соработуваат на разни полиња, па така заедно работеле и на моделот Vision FK.