И биткоинот “жртва“ на коронавирусот

84

Пред околу еден месец, една од најпознатите крипто валути во светот, биткоинот, достигна рекордна вредност од 10.000 долари. Но, како коронавирусот зема сè поголем замав и прерасна во пандемија, биктоинот забележа драстичен пад на вредноста, исто како економијата на глобално ниво.

За околу 24 часа, цената на биткоинот се намали за 29% и се спушти на околу 5.200 долари.

Ова значи дека биткоинот и другите крипто валути сепак не се имуни на промените во економијата, а за инвеститорите не претставуваат сигурна инвестиција.

Фото: Pexels