И дијаманти може да се купат со криптовалути

37

Меѓународната аукциска куќа Sotheby’s ќе прифати плаќање со криптовалути во рамки на продажбата на 101,38-каратен дијамант.

Дијамантот во облик на круша би можел да достигне цена и од 15 милиони долари во Хонгконг, со што ќе стане најскапиот предмет што некогаш бил купен со криптовалути, пренесува Bloomberg.

Џош Пулан, директор на одделот за луксуз на Sotheby’s, рекол дека постои зголемена побарувачка за скапоцени камења и тоа од страна на помлади и дигитално писмени генерации, а поголемиот дел од нив живее во Азија.

Расте бројот на аукциски куќи што ги прифаќаат криптовалутите како платежно средство. Аукциската куќа Christie’s прифати криптовалута за сет дигитални уметнички дела уште во февруари оваа годиа.

Експертите сметаат дека криптовалутите нема да ги заменат традиционалните пари во догледно време, но хибридната реалност да се има и дигитален и физички паричник во исто време има потенцијал.

Фото: Pixabay