И германски Bayer инвестира во производство на вакцина против коронавирус

37

Германската фармацевтска компанија Bayer се вклучува во производство на вакцината на Curevac, што во овој момент се наоѓа во завршна фаза на тестирање.

“Во нашиот погон би требало да започне производство на вакцина на компанијата Curevac. Испораката на првите дози се очекува на крајот на годината“, вели Штефан Олрич, член на управата на Bayer.

Вакцината на Curevac од Германија во овој момент се наоѓа во трета фаза од испитувањето, а издавањето на дозволата се очекува во следните неколку месеци.

Bayer е најнов производител на лекови што најави дека ќе се вклучи за да се надмине недостигот од вакцини против коронавирусот, откако минатата недела фармацевтските компании Novartis и Sanofi најавија дека ќе му помогнат на Pfizer.

Фото: Freepik