И групата и публиката во балони – пандемијата ја промени музиката

94

Пандемијата предизвикана од коронавирусот ги промени начинот на живот и ги поттикна луѓето да бидат иновативни и креативни за да помогнат да се спречи ширење на заразата.

Пример за тоа е американската рок група, The Flaming Lips, којшто одржа експериментален концерт во балони.

На својата публика, групата ѝ приреди концерт, по толку долго време, но никој да не биде загрижен за можно заразување со вирусот. И изведувачите и публиката беа затворени во сопствен пластичен балон.

Ова не е првпат групата да свири во балон, бидејќи на почетокот на овој месец имаат настап во балони во домашни услови и без публика.

Фото: YouTube printscreen