И извезуваме, но и увезуваме домати

Во текот на минатата година, од земјава се извезени домати во вредност од 11,5 милиони долари, а во исто време направен е и увоз од над три милиони долари.

Според податоците на World’s top export, по извозот (11.576.000 долари) сме 37-ма земја во светот, додека по вредноста на увозот (3.199.000 долари), го зафаќаме 55-тото место во светски рамки.

Инаку, на глобално ниво извозот во 2019 година изнесуваше девет милијарди долари.

На страната на увозот, податоците покажуваат дека лани вредноста му беше 8,8 милијарди долари. САД се најголем увозник на домати со 2,4 милијарди долари или удел од 27,3%. Меѓу петте најголеми увозници на домати лани беа и: Германија (1,4 милијарди долари), Франција (704,4 милиони долари), Велика Британија (646,5 милиони долари) и Русија (636,7 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник на домати е Бугарија со 54,6 милиони долари. Потоа следат: Србија (23,9 милиони долари), Хрватска (19,6 милиони долари), Словенија (18,3 милиони долари) и Грција (16,7 милиони долари), Босна и Херцеговина (10,4 милиони долари) и Црна Гора (3,6 милиони долари).

Фото: Freepik