И невакцинираните ќе може да влезaт во Грција

549

Потврда за примена вакцина во никој случај нема да стане услов некој да влезе во Грција, потенцираше министерот за туризам на земјата, Харис Теохарис во гостување во програмата на Skai TV.

На предложените сертификати за вакцинација, Теохарис јасно стави до знаење дека вакцинацијата нема да биде услов некој да може влезе во земјата, а за невакцинираните ќе има брзи тестови. Но, здравствената комисијаќе одлучува дали тие ќе бидат извршени или не на сите.

“Би сакал да разјаснам што нашата земја им предложи на другите членки на ЕУ. Како прво, се чини дека писмото имаше ефект што сакавме да го постигнеме, односно да ја “протресеме“ Европа за да може конечно да се координира. Координацијата е неопходна и нашата земја е во првите редови во оваа област. Не смееме да направиме чекор назад. Минатата година имавме ограничувања во движењето на туристите. Оваа година мора да има движење на туристи. Првата опција е брз тест, кој е и побезбеден и поевтин и ќе ни овозможи да ги намалиме непријатностите за патниците“, изјави Теохарис.

Тој очекува престојното лето да биде подобро од ланското. Исто така истакна дека навиките на потрошувачите се смениле и дека никој не резервира патување шест или осум месеци однаред, како во минатото.

Фото: Pixabay