И Србија го зголемува увозот на леб

38

На пазарот во Србија, во текот на минатата година, се донесени околу 6.000 тони “свеж“ леб и печива во вредност од 6,8 милиони евра, пишува Политика.

Замрзнатиот леб најчесто доаѓал од Романија, Германија, Бугарија, па и од Хрватска, од каде беше објавено дека од нејзиниот влез во Европската унија значително се зголемува увозот на леб.

“Звучи неверојатно, бидејќи поголемиот дел од потрошувачите не знаат дека трговците и пекарите им продаваат топол леб којшто на нашиот пазар доаѓа претходно подготвен и замрзнат илјадници километри од тука“, пишува Политика.

Таквите замрзнати леб и печива се “допекуваат“ пред очите на купувачите и се продаваат како свежи. Овој метод познат како par baking, техника на делумно печење на леб и печива, по што тие се замрзнуваат и се подготвени за транспорт. Во светот оваа техника го заменува традиционалното пекарство.

Фото: Pexels