Секој петти леб во Хрватска е увезен замрзнат

66

Секој петти леб на хрватскиот пазар е увезен во замрзната форма. И не само лебот, туку и многу пекарски производи се увезуваат како полуготови производи, пренесува ХРТ.

“Податоците се алармантни ако земеме предвид дека од влезот во ЕУ, трендот на увоз на леб е во пораст. Во првите седум месеци од оваа година увозот порасна за скоро 30%, кај слатките производи има зголемување од 28%“, изјави Нада Баришиќ од Жито заедница.

Податоците покажуваат дека Хрватска минатата година увезла леб во вредност од 75 милиони евра, најмногу од Полска, Германија, Словенија и Италија.

Во Хрватска на годишно ниво, секој жител во просек изел по 62 килограми пекарски производи, што е на највисоко ниво во Европската унија.

Фото: Pexels