И тенисерот Надал ангажиран да привлекува туристи

43

Авиокомпаниите, кои ги кренаа своите авиони на небото во Шпанија по три и пол месеци, во четвртокот предупредија дека ова е само почеток на долго и тешко закрепнување, и дека поради падот на побарувачката, летањето ќе биде поевтино од претходно. Во средата, само 20% од авионите слетаа на шпанските аеродроми, во споредба со истиот ден во 2019 година.

Најголем сообраќај е забележан на Балеарските острови, каде, благодарение на специјалната програма, зафатени се туристи од Германија, а градовите Мадрид и Барселона се исто така прометни. На тие три аеродроми се одвива 38% од вкупниот сообраќај во Шпанија.

“Пристигнувањето на туристите ќе биде постепено“, рече министерката за туризам Марија Рејес Марото. Минатата година Шпанија пречека рекордни 80,3 милиони гости.

Хотелите, апартманите и рестораните полека ги отвораат своите врати по три и пол месеци, а илјадници туристички работници сè уште се без работа. Централната власт и локалните власти се обидуваат да привлечат туристи од странство, но и оние во земјата, така што последниве денови тенисерот Рафаел Надал преку телевизиски реклами ги поканува гледачите да ја посетат неговата родна Мајорка.

Сепак, анкетите покажуваат дека повеќето жители би можеле да патуваат со сопствен превоз ова лето и да бараат поблиски дестинации во земјата, што влијае на авиокомпаниите коишто би можеле да летаат само со капацитет помеѓу 20 и 40 % на крајот на јули, во однос на минатата година. Експертите велат дека летото 2020 година, меѓу другото, ќе го одбележи и никогаш поевтиното патување со авион. Тие компании привремено отпуштија некои работници, а програмата според која добиваат државна помош е продолжена до септември.

Фото: Pixabay