И тоа се случи: Колку пари се украдени во најголемиот крипто грабеж?

141

Хакери провалиле на блокчејн страницата Poly Network и украле илјадници дигитални токени. Накратко, како што пренесуваат светските медиуми, тие извршиле вистински крипто грабеж и “заминале“ со крипто -валути вредни 600 милиони долари.

Според неофицијални информации, украдени се околу 267 милиони долари во етер, потоа 252 милиони во бинанс и околу 85 милиони долари во USDC токени.

Украдени се повеќе од 600 милиони долари, што слободно може да се нарече најголемата кражба во историјата на криптовалутите.

Откако хакерите ги украле парите, тие почнале да ги испраќаат на разни други адреси. Poly Network ги повика берзите на криптовалути споменатите токени што доаѓаат од адреси поврзани со хакерите да ги стават на црната листа.

Фото: Pixabay