Светата Столица поради штедење одлучи да прекине со вработување и со прекувремена работа на своите вработени кои поради активностите на Папата морале повеќе да работат, јавува агенцијата И. Медиа, пренесувајќи извори од Ватикан, пишува Seebiz.
Во циркуларното писмо што го потпишал државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин бара надлежните да прекинат со вработувања, да не ги продолжуваат договорите, да не дозволуваат прекувремена работа и работа во недела.
Целта со овие мерки е да се ограничат трошоците според финансиските планови на Светата Столица, за да нема отпуштања.