Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2023 година, во споредба со август 2023 година, е зголемен за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е
забележано во групите Храна за 0.1 % и Алкохолни пијалаци за 0.3 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.2 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 11.1 %, додека во однос на декември 2022 година е зголемен за 3.7 %.