ИАТА: Загубите на авиокомпаниите нагло ќе се намалат во 2022 година

35

Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА) предвидува нагло намалување на загубите во оваа индустрија следната година, со оглед на сегашното забрзано закрепнување од кризата со коронавирус.

ИАТА предвидува дека нето загубите за авиокомпаниите следната година ќе се намалат на 11,6 милијарди долари од годинешните 51,8 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Авиокомпаниите во сите региони во светот се очекува да имаат подобри перформанси, а оние во Северна Америка ќе се вратат на патот на профитот следната година.

“Ја поминавме најниската точка на кризата. Иако сè уште има сериозни проблеми, излезот од кризата и закрепнувањето е на повидок “, рече генералниот директор на ИАТА, Вили Волш, на годишниот состанок на  асоцијацијата.

Меѓутоа, ИАТА апелираше до владите да ги задржат субвенциите за плати во индустријата и да не ја намалуваат политиката за надоместоци за слотови додека не закрепне меѓународниот воздушен сообраќај.

Меѓународната организација очекува дека меѓународната побарувачка за патување ќе се удвои следната година и ќе достигне 44 проценти од нивото во 2019 година. Сепак, темпото на закрепнување ќе влијае на стапката на вакцинација, како и укинувањето на рестриктивните мерки на границите воведени од владите.