IBM патентираше паметен часовник што се “претвора“ во смартфон или таблет

74

Американскиот технолошки гигант IBM патентираше паметен часовник што може да функционира како смартфон и таблет. За прв пат компанијата поднесе барање за патентот во 2016 година, но одобрувањето стигна три години подоцна, пишува Designboom.

Уредот за носење вклучува осум дисплеи, секој од нив со димензии од 5 x 7,6 сантиметри. Кога е во стандардно издание, часовникот користи само еден од нив додека останатите се сместени во мало куќиште во внатрешноста.

Ако корисникот сака поголем екран можат да “извадат“ дел од нив за да се добие поголем дисплеј за смартфон. Кога ќе се состават сите осум делови, телефонот добива димензии на таблет за чиешто ракување се потребни две раце. Екраните се минимални за да може содржината да се прикажува континуирано.

Од компанијата нема најавено дали и кога уредот ќе влезе во производство.

Фото: US Patent