Identyum – дигитална алатка за идентификација

84

Компанијата Indentity Consortium развива дигитална алатка за идентификација за којашто не е потребен чип, туку само мобилен телефон. Тимот на компанијата повеќе од една година работи на апликацијата Identyum, којашто во голема мера би го олеснила процесот на потврда на идентитет на дигиталните платформи, пишува Нетокрација.

“Identyum е платформа којашто од една страна на компаниите им овозможува услуга за точна идентификација на нивните корисници, екстракција на податоци од различни извори и легално потпишување на документи, додека од друга страна, на крајните корисници преку мобилна апликација им овозможува креирање дигитална лична карта, односно едноставна алатка за идентификација во дигиталниот свет, управување со профилот и електронско потпишување на документи без потреба тие да се печатат, скенираат и потпишуваат“, вели Роберт Илијаш, основач на овој хрватски старт – ап.

Со помош на системот на Identyum корисникот би можел да подигне кредит од банка без физички да оди во некоја експозитура.