Идевелоп за три месеци прокнижи 640.000 денари загуба

21

idevelop

Компанијата Идевелоп од Скопје, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа загуба од 640.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата евидентираше загуба од 2.365.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првиот квартал од оваа година достигнаа 123.000 денари, додека заклучно со 31-ви март 2016 година имаа вредност од 1.612.000 денари.

Основна дејност на компанијата е пружање услуги поврзани со информатичка технологија и компјутери.