Идилично италијанско село нуди 20.000 евра да се преселите таму и основате бизнис

304

Идилично село во Италија со старо население сака да привлече помлади жители. Некои села продаваат куќи за едно евро, а други нудат вработувања со одлични поволности.

Санто Стефано ди Сесанио е најновото италијанско село што сака да го зголеми населението. Селото ќе им плати на луѓето да преселат таму и да основаат бизнис, а ќе добијат и место за живеење по симболична сума за станарина.

Како што објаснува градоначалникот Фабио Сантавика, жителите сакаат селото да продолжи да живее.

Условот е да бидете жител на Италија или на ЕУ и да имате најмногу 40 години. Во селото во моментот живеат само 115 жители, а околу половина од нив се пензионери. Помалку од 20 жители имаат до 13 години.

Властите сакаат да привлечат ново население со плаќање месечен надомест за престој во период од три години. Селото ќе им плаќа на новите жители најмногу 8.000 евра годишно, а селскиот совет ќе им плати еднократен придонес од најмногу 20.000 евра за да основаат бизнис.

Пријавувањето почнало на 15 октомври, а досега се пријавиле околу 1.500 луѓе.

Постојат и правила за основањето бизнис, односно треба да се основа бизнис од понудените, како туристички или културен водич, фирма за чистење, експерт за маркетинг, аптека или продавница за храна.

Среќните кандидати што ќе бидат одбрани да се преселат во селото мора да останат таму најмалку пет години.

Пријавувањето трае до 15 ноември годинава, пренесува CNN.

Фото: YouTube Printscreen