Иднината на социјалниот живот – “вселенско“ одело за заштита од вируси

64

Коронавирусот стана инспирација и за многу дизајнери и уметници во светот. Меѓу нив е дизајнерското студио Production club, коешто дизајнираше одело што би можело да им помогне на луѓето да се чувствуваат безбедно додека се на некој концерт или на вечерно излегување во клуб со пријателите.

Станува збор за “вселенското“ одело под името Micrashell, што е изработено од флексибилен и цврст материјал. Неговиот дизајн не дозволува продор на воздух о надвор, освен преку вградениот филтер на кацигата.

Сите делови на Micrashelll може да се дезинфицираат по користење. Во него, исто така, ќе бидат вградени батерии што ќе овозможат активна вентилација, како и поврзување со мобилна апликација преку којашто може да се контролира работата на оделото. Овие батерии ќе ја овозможат и потребната аудио комуникација на корисникот со останатите луѓе во клубот или на концертот.

Дали наскоро ќе може да се сретнат вакви “вселенски“ одела низ клубовите и во концертните сали сè уште не е познато, бидејќи Micrashall е во фаза на концепт.

Фото: Production Club