Иднината на Србија е во приватниот сектор

15

srbija

Српскиот премиер Александар Вучиќ вчера на конференција во Американската стопанска комора во Белград, изјави дека во следните три години пред Србија примарни се две теми – раст и да се убедат граѓаните дека иднината е во приватниот сектор, јавува Танјуг.

Целта на владата е да им се покаже на граѓаните дека иднината е во приватниот сектор, приватниот бизнис и во тоа колку компании ќе се основаат, а не во вработувањата во јавниот сектор.

“Без раст на стопанството и претприемништвото, нема да имаме долгорочни резултати и затоа владата ќе донесе механизми да ги убеди и да им објасни на луѓето на кој начин да започнат сопствен бизнис, да вработат нови луѓе, да го шират производството…”, изјави Вучиќ.

Премиерот на Србија додаде дека луѓето мораат да знаат дека со основање на своја компанија можат да работат и да заработат многу повеќе отколку во било кој дел од јавниот сектор.