ИЕА: Рускиот извоз на нафта во август на најниско ниво од 2021 година

19

Рускиот извоз на нафта и нафтени деривати се намали за 290.000 барели дневно (бпд) во август на седум милиони барели дневно и е на најниско ниво од март 2021 година, објави денеска Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА).

Августовските приходи на Русија од извозот на нафта и нафтени деривати се намалени за 1,6 милијарди долари во однос на јули и изнесуваат 15,3 милијарди долари, пренесува Комерсант.

Според извештаите, руските приходи од извоз на нафта се намалени за 1,2 милијарди долари на 9,6 милијарди долари, а приходите од извоз на нафтени деривати за 480 милиони долари на 5,6 милијарди долари.