ИФО: Четвртина од германските компании очекуваат нивното работење да се влоши во 2026 година

Четвртина од германските компании, или околу 26 проценти, очекуваат нивното работење да се влоши во 2026 година, додека 59 проценти веруваат дека ќе остане на исто ниво, а само 14,9 проценти сметаат на подобрување, според резултатите од анкетата објавена денес од Институтот за економски истражувања (ИФО) од Минхен.

Во преработувачката индустрија, 26,5 проценти од компаниите очекуваат работење да се влоши, 55,3 проценти од компаниите предвидуваат непроменета состојба, а 18,2 проценти подобрување на работењето.

Секторот за електрична опрема се издвојува како исклучок, каде што уделот на оптимистичките компании од 27,1 процент е поголем од бројот на песимистичките, кој изнесува 12,7 проценти.