
Синџирите на снабдување во Германија се постабилни, но ризиците сè уште се присутни, заклучува новиот извештај на Институтот за економски истражувања (Ifo) во Минхен.
Во декември, само 7,5 проценти од германските компании пријавиле тешкотии во набавката на потребните материјали, што е намалување во споредба со ноемвриските 11,2 проценти.
„Достапноста на меѓупроизводи во индустријата генерално се подобри“, рече Клаус Волрабе, раководител на истражувањата во институтот Ifo, предупредувајќи дека синџирите на снабдување сè уште треба внимателно да се следат за можни нови нарушувања.











