Ignis – уред што обезбедува светлина и топлина онаму каде што е потребно

22

Тобиас Трубенбахер, студент по дизајн од Берлин, креираше уред што наликува на ламба и може да обезбеди топлина и светлина. Ignis ја користи енергијата од огнот, ја претвора во струја и ја складира за понатамошно искористување за светлина и топлина.

Уредот се става на шпорет, односно жешка рингла додека нешто се готви или загрева. А доколку нема таков извор на топлина, може да произведе топлина горејќи алкохол, разни масла па дури и маст за пржење. Благодарение на скриен механизам за ротирање светлината може да се насочи во било кој правец.

Ignis е еден вид на генератор за енергија, којшто самиот создава струја и не е зависен од надворешни фактори, пишува Designboom.

За да може истиот да се користи потребна е само мала количина на запалива течност или пламен. Производот доаѓа со стандарден USB-излез за полнење на сите видови електронски уреди.

Фото: Facebook