Икеа доби дозвола да гради во Хрватска

25

ikea 1Икеа денес ќе добие градежна дозвола за градење на својот прв објект во Хрватска, во близина на Загреб, пренесуваат хрватските медиуми. Првата Икеа во Хрватска ќе се наоѓа на источниот излез од Загреб.

Од Икеа порачуваат дека првата стоковна куќа во Хрватска ќе ја отворат една година по почетокот на изградбата.

Како што изјавија од оваа шведска компанија, нови работни места ќе се отвараат континуирано во текот на целата година, а кулминацијата ќе биде шест месеци пред отворањето, кога очекуваат да вработат околу 200 луѓе. Во завршницата, планирано е да се вработат вкупно 350 работници.

Вкупната инвестиција на Икеа во Хрватска ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Освен во Хрватска, најавено е пристигнување на Икеа и во Србија.