Ikea и Lego се здружија за да направат заеднички производ

80

Шведската компанија Ikea и данската Lego се здружија за развој на нови решенија за олеснување на играта дома и го открија исходот од нивната соработка. Тоа е ново и едноставно решение за неуредноста.

Новиот производ, Bygglek е бела кутија наменета за складирање на лего коцките, којашто истовремено ќе може да служи и како платформа за нивно составување.

Kапакот од кутијата ќе има столпчиња за додавање на лего коцки, а играчките ќе може едноставно да се чуваат во кутијата без воопшто да биде потребно да се растури започнатата конструкција, сé додека проектот не биде целосно готов.

“Bygglek е повеќе од кутии. Тоа е складирање и игра испреплетено“, рече Расмус Бух Лагструп, дизајнер во Lego.

Новите кутии ќе бидат достапни во неколку различни големини со цена од 10 до 15 долари по кутија, а нивната продажба се очекува да започне од октомври 2020.