IKEA ја отстранува пластиката за еднократна употреба од своите продавници и ресторани

27

Шведската компанија IKEA објави дека ќе ги укине сите пластични производи за еднокартана употреба од своите продавници и ресторани до крајот на 2020, пишува CNN. Овој потег на шведскиот бренд е дел од пошироката стратегија за одржливост на која се обврза до 2030 година и опфаќа повелкување од продажба на сите пластични производи за еднократна употреба, какошто се сламки, чинии, чаши, ќеси за замрзнување, вреќи за отпадоци итн. И рестораните на IKEA ќе престанат да даваат пластичен прибор за јaдење, чаши, чинии за сервирање и пакување на храна итн.

IKEA има за цел до 2020 година целосно да премине на користење енергија од обновливи извори, за што веќе инвестираше 1,7 милиони евра во оддржливи проекти. Досега има инсталирано 750.000 соларни панели на своите згради, а во план е изградба и на 416 турбини на ветер.

На глобално ниво, само 14% од пластиката се собира за рециклирање. Минатата недела и ЕУ објави дека сака да забрани 10 пластични производи за еднократна употреба, вклучувајќи пластични сламки и прибор за јадење, кои сочинуваат 70% од сите отпадоци во водите на ЕУ и на плажите.