Ikea ќе откупува половен мебел

121

Шведската компанија за мебел Ikea соопшти дека ќе понуди откуп за користен мебел од компанијата во 27 земји, за препродажба, рециклирање или донирање.

Шведскиот гигант најави дека неговиот “црн петок“ ќе биде можност да се задоволат потребите на купувачите на начин којшто ќе допринесе за циркуларната економија.

Откупот ќе трае од 24 ноември до трети декември годинава.

“Циркуларната економија може да се постигне само со инвестирање и соработка со купувачите, другите компании, локални заедници и влади, за да можеме да го искорениме отпадот и да создадеме циклус на поправка, повторна употреба, обновување и рециклирање “, рече Пиа Хајденмарк Кук, раководител на одделот за одржливост на Ikea.

Секој кој ќе продаде користен мебел од Ikea ќе добие ваучер што може да вреди до 50% од првобитната цена за купување на нови предмети.

Ikea  има продавници во 40 земји и 131.000 вработени ширум светот.

Фото: Facebook