Икеа наскоро во Љубљана?

18

ikeaШведскиот производител на мебел Икеа е во преговори за купување на земјиште во Љубљана, пишува Финанце.

Неофицијално, договорот е пред потпишување, а станува збор за 100.000 метри квадратни на подрачјето на љубљанскиот трговски центар BTC.

Икеа неодамна потврди дека планира да влезе на словенечкиот пазар, но отворањето на продажен објект во оваа земја во моментов не е во фокусот на ширењето на работењето. Првата продавница би требало да биде отворена во сезоната 2016/2017 година.

Дека се преговара за влез на Икеа на словенечкиот пазар, за весникот денеска потврдил и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.