Икеа не отпушта поради вештачка интелигенција, најдоа начин да ги задржат вработените

34

За седум месеци откако се појави Chat GPT, не престануваат дискусиите за тоа колку вештачката интелигенција ќе го промени светот и колку работни места поради неа ќе останат во историјата.

Во шведскиот Икеа, глобален конгломерат кој дизајнира и продава мебел и додатоци за домот, тие не гледаат мрачно сценарио за своите работници. Ikea веќе користи вештачка интелигенција во форма на бот за комуникација со клиентите, наречен Billie.

Во исто време, ги обучува работниците да станат консултанти за внатрешен дизајн со намера да понуди повеќе услуги за подобрување на домот. По претходните лансирања во делови од Европа, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и на други места, во април шведската компанија ги прошири своите услуги за внатрешен дизајн во Велика Британија и САД, пренесува Poslovni.hr.

Развој и преквалификација

Ингка, холандскиот холдинг во сложената сопственичка структура на групацијата која ги контролира повеќето продавници на Икеа, истакнува дека од 2021 година обучила 8.500 вработени во центарот за повици за консултанти за внатрешен дизајн.

„Ние сме посветени на зајакнување на вработливоста на соработниците во Ингка, преку доживотно учење и развој и преквалификација, и забрзување на создавањето нови работни места“, изјави за Ројтерс глобалниот менаџер за луѓе и култура на Групацијата Ингка, Улрика Бисерт. На најчесто поставуваното прашање во последните шест месеци, дали употребата на вештачка интелигенција веројатно ќе доведе до намалување на бројот на вработени во компанијата, Биерст вели: „Тоа не е она што сега го гледаме“.

Продажбите и услугите на телефон или видео преку далечинскиот канал за внатрешен дизајн на Ингка изнесуваат 1,3 милијарди евра приход во финансиската година 2022. Ингка сака продажбата на далечина да достигне 10 проценти до 2028 година, како дел од напорите да се привлечат идните корисници на Gen Z.