Ikea организира старт – ап програма во која ќе учествуваат 20 стартапи од целиот свет

25

Фото: Pixabay

Шведскиот гигант за мебел, Ikea покани 20 стартапи од целиот свет да се придружат на нивната старт – ап програма наречена Ikea Bootcamp, којашто ќе трае три месеци од 25-ти март до 18-ти јуни, 2019 година. Преку програмата, Ikea сака да пронајде партнери коишто ќе помогнат да ги реши предизвиците на иднината – достапност за голем број на луѓе, поврзаност со купувачите и позитивно влијание врз околината и општеството.

За потребите на програмата компанијата се здружи со Rainmaking, старт – ап инкубатор и инвестициска фирма од Данска, пишува Indianweb2.

Ikea Bootcamp за прв пат стартуваше во 2017 каде беа поканети 10 стартапи, а успешноста на проектот дозволи годинава да учествуваат двојно поголем број на потенцијални бизниси. Случувањата ќе бидат во Елмхулт, главното седиште на Ikea. Големото финале на Bootcamp ќе биде проследено со Demo Day, каде ќе бидат презентирани следните чекори под водство на шведската компанија.