Илирика ја презема дејноста од белградски Wise боркер

18

ilirika

Илирика Инвестментс АД Белград склучи договор за откуп на дејноста на една од најголемите српски брокерски куќи, Wise брокер АД Белград. Покрај дејностите Илирика ќе ги преземе и сите вработени во оваа компанија, стои во соопштението.

WISE брокер АД Белград е една од најстарите и најголеми берзански компании во Србија. Основана е во 2000 година и се смета за понудувач на одлични услуги на пазарот на капитал во Србија. Во 2016 година по вкупниот промет со акции на Белградската берза беше рангирана на четвртото место. По преземањето, клиентите на Wise брокер АД Белград и нивните вработени ќе работат под покровителство на Илирика Инвестментс АД Белград.

“Станува збор за значително проширување на нашата дејност во регионот. Синергиите што ги создаваме со значителното присуство во Србија не се занемарливи и претставуваат дополнителен квалитет како за нашите клиенти во Словенија, така и за нашите нови српски деловни партнери“, вели Игор Штембергер, претседател на Управниот одбор на Илирика ДД Љубљана.

Илирика ДД е на пазарот од 1995 година и е најстарата берзанска куќа во Словенија. Таа има доверба од 20.000 клиенти. Во неа се вработени вкупно 50 финансиски експерти и преку локалните филијали е присутна на хрватскиот, српскиот и македонскиот пазар.