“Илон Маск“ од Гана направи автомобил од отпад

17

Келвин е сиромашно младо момче од Гана кое живее во земја каде просечната плата е помала од 300 долари месечно. Но, тоа не го спречи да верува во себе и да стане инженер.

“Сфатив дека имам пасија кон создавање машини, не посетував школо за инженери, туку сум самоук“, вели Келвин за тамошните медиуми.

Истражувал како се создаваат автомобилите, што е потребно за нивно склопување, а во меѓувреме собирал делови од депонии, градилишта…

“Кога почнав да го правам автомобилот, луѓето не веруваа во мене и се обидуваа да ме обесхрабрат, а некои дури и ми велеа дека сум полудел“, раскажува Келвин.

Но, тој не застанал, туку продолжил да го создава своето дело. Со само 18 години, по многу обиди и грешки, Келвин конечно го составува својот автомобил, што го носи неговото име.

“Сè заедно ме чинеше помалку од 3.000 долари“, вели Келвин за неговиот автомобил што има 300 коњски сили и секогаш го привлекува вниманието кога ќе сака да заврти круг со неговиот “миленик“ на четири тркала.

Посакува да направи и електричен автомобил, а сонува и за правење авиони и ракети.

Фото: YouTube screenshot