Основачот на SpaceX Илон Маск го активираше сателитскиот систем „Старлинк“ (Starlink) над Украина за да и обезбеди сигурен пристап до интернет.
Ваквиот потег на Маск доаѓа како одговор на молбата од украинскиот вицепремиер и министер за дигитална трансформација, Михаило Федоров, кој побара помош додека Украина се бореше против руската инвазија на терен, но и против сајбер-нападите кои доаѓаа од Русија.
„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат во вселената, руски ракети напаѓаат украински цивили“, напиша Федоров повикувајќи го Маск да обезбеди Старлинк станици за Украина.
По ова следуваше одговорот од Маск:
„Услугата на Старлинк е активирана сега во Украина. Повеќе терминали се на пат“.











