Илон Маск продаде акции на Tesla за 6,9 милијарди долари, најмногу до сега

66

Американскиот милијардер Илон Маск продаде акции во Tesla за 6,9 милијарди долари, што е најголемата продажба досега, за да избегне, како што вели, распродажба во последен момент во случај да биде принуден да продолжи со договорот за купување на Твитер.

Главниот извршен директор на Tesla продаде околу 7,92 милиони акции на 5 август, според бројните регулаторни документи објавени по затворањето на Њујоршката берза во вторникот, пишува Bloomberg.

Поради шпекулациите за причините за продажбата, Маск во серија твитови рече дека сака да спречи панична продажба на акции доколку биде принуден да го заврши преземањето на Твитер во вредност од 44 милијарди долари, од кое се откажа минатиот месец.

На прашањето на неговите следбеници на социјалната мрежа дали завршил со продажбата на акциите на „Тесла“ и дали повторно би ги купил доколку не се склучи договорот за преземање на Твитер, тој кратко одговори: „Да“.