Илон Маск: Сè уште чекам да видам колку ботови има на Твитер

65

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, на Економскиот форум во Катар изјави дека се уште има неколку „нерешени прашања“ во врска со Twitter и дека сè уште чека информации за тоа колку ботови има на платформата на таа социјална мрежа.

Во интервју за „Блумберг“ на економскиот форум во Доха, Маск рече дека не мисли дека ќе има некакви проблеми во балансирањето на интересите на „Тесла“ во Кина и идното купување на Твитер.

„Многу сум импресиониран од автомобилските компании во Кина, од компаниите во Кина воопшто. Мислам дека се исклучително конкурентни, вредни и паметни“, изјави Илон Маск.